katerina@bizniskafe.mk

Top
Бизнис кафе МакедонијаНастани и новости 27-мо Бизнис кафе Македонија

27-мо Бизнис кафе Македонија

Во новата 2018 та година, продолжуваме со 27 – мото Бизнис Кафе Македонија, кое ќе се одржи на 08.02.2018г. од 18:00 часот во EQUILIBRIUM restaurant & coffee bar 

На  27 – мото Бизнис кафе Македонија ќе бидат гостите:

 

– Г- динот Филип Поповски – Генерален Секретар на ФФМ,
„Веќе 3-та година Генерален секретар односно најдговорниот оперативец на најуспешната спортска организација во земјата, Фудбалската федерација на Македонија.

Нејзин член од 2002-та година поминувајќи низ повеќе раководни функции, како во делот на управувањето со квалитет, организација на настани, клупско лиценцирање се до прв човек на локалниот организацискиот одбор задолжен за организацијата на УЕФА Супер Купот 2017 кој се одржа во Скопје. Член на Управниот одбор на Сојузот на спортови во РМ како и тела и органи на УЕФА и ФИФА.

Завршена едукација: завршени магистерски студии (Master in European sports Governance) при SCIENCES Po универзитетот во Париз како и завршени магистерски студии по човечки ресурси при мали и средни претпријатија при Меќународниот Славјански унивезритет во Свети Николе.„

 

 

– Г- ѓа Бранка Бугариска – Директор на издаваштво Арс Ламина
Бранка Бугариска е директор на издаваштво во Арс Ламина, најголемата издавачката куќа во Македонија. Зад себе Бугариска има богато искуство во областа на менаџментот, маркетингот и маркетинг комуникациите. Пред нејзиното доаѓање во оваа компанија во 2013 година, Бугариска работеше 3 години како маркетинг менаџер во софтверската компанија Seavus и 8 години како ПР менаџер и ПР директор во маркетинг агенцијата New Moment, каде што подготвувала комуникациски и бренд стратегии, развивала креативни концепти за разни клиенти од различни индустрии, работела менаџмент на кризи (за клиенти кои вклучуваат владини институции, невладини организации, бизнис клиенти), корпоративни комуникации и интерни комуникации. Таа е исто така тренер за односи со јавност, комуникации и менаџмент, а се јавува и како говорник на голем број конференции од оваа област.

Бугариска има завршено Факултет за музичка уметност, каде што посетувала и постдипломски студии и работела како демонстратор; посетувала низа обуки и школи за маркетинг, менаџмент и комуникации, а поседува и МБА диплома.

Арс Ламина е последниве неколку години по ред на листата на 200 најуспешни компании и е добитник на повеќе награди. Арс Ламина во последните 4 години по ред издава во просек 300 наслови годишно, од разни области – белетристика, биографии, стручна литература, учебници, дидактички помагала, а од неодамна и училишни списанија. Компанијата, покрај со издаваштво, се занимава и со графички услуги, печатење, едукација, а има и сопствена мрежа на книжарници и образовен центар.


– Г-дин Љупчо Зиков – Директор и главен уредник на Капитал Магазин

Оснивач на Капитал Медиа Гроуп (КМГ) во 1999 година, издавачка компанија која го  издава магазинот Капитал и веб порталот www.kapital.mk

Покрај издавањето  на Капитал магазин, КМГ издава и голем број едиции од речиси сите индустрии. ТОП 200 најголеми компании во Македонија, ТОП 100 македонски извозници, Банките и Бизнисот … и повеќе други едиции …

Капитал Медиа Гроуп е компанија која досега организирала преку стотина големи настани како бизнис форуми, конференции, конгреси, семинари … а во Скопје го донесе најголемиот во маркетингот д-р Филип Котлер.

Капитал магазин три пати е избран за Супербренд на Македонија во својата индустрија.

Љупчо Зиков работел во повеќе македонски редакции како Дневник, Македонија денес, Форум, Телма, а бил и директор на МТВ како и извршен директор и главен уредник на Алфа ТВ.

Во својата долгогодишна кариера своите новинарски, ПР и продукциски вештини освен во Македонија ги стекнувал и во странство (обуки во New York Times, Bloomberg, ABC, а слушал обуки и на na Wall Street i Nasdaq.


Картите по цена од 300 ден., ќе можете да купите:
– Online на: https://www.kupikartizase.com/
– На фактура пратете маил на: mkbizniskafe@gmail.com или
– Директно на трансакциска сметка: 210 – 067036660110 (назив на примач: Актива Вел ДООЕЛ – Скопје, НЛБ Банка, цел на дознака: Учество на бизнис настан)

 


Коментари

Pageland

www.pageland.mk

No Comments

Sorry, the comment form is closed at this time.

Skip to toolbar